3 промени на овогодинешниот Кански филмски фестивал: Нема „селфи фотки“...

Добивај вести на Viber

Светските медиуми велат дека Канскиот фестивал можеби треба да се прекрсти во „Can not Film“ оваа година. Додека легендарното кинематографско натпреварување се отвори вчера на француската ривиера, постојат некои нови правила што ќе треба да ги следат сите познати личности, учесници и студиа.

1. Не е дозволено правење „селфи фотографии“ на црвениот килим

Каков хорор за славните личности. Но, со оглед на тоа колку фотографи и папараци присуствуваат секоја година, сигурно ќе добијат фотографија за да докажат дека присуствувале на овој спектакл.

2. Нема да има прес-конференции пред премиерите

Промена која всушност би можела да биде подобрување, бидејќи критичарите нема да можат да влијаат на негативните мислења за филмовите додека вистинската публика не ги погледне

3.Забрана за филмови на Netflix

Последната промена која беше објавена уште минатата година, но ќе биде имплементирана во 2018-та година. Стриминг компанијата се уште може да ги достави филмовите на фестивалот, но тие нема да влезат во конкуренција, освен ако студиото не се обврзе за француското театарско издание.