35 успешни години на сцена: Лепа Брена со концерт во Скопје

Лепа Брена е првата балканска ѕвезда која во својата 35-годишна кариера ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко. Овој голем јубилеј од својата професионална кариера на естрадната сцена, ќе го одбележи на посебен начин. Своите најголеми хитови на сите времиња ќе ги испее во Скопје на концерт закажан на 15-ти декември во Вип Арената „Борис Трајковски“.

Брена е ѕвезда на сите генерации, уште одамна на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот „Хајде да се волимо”.