4 модни изданија кои се запишаа во историјата: Лејди Гага со 16-минутниот перформанс на Мет Гала стана ѕвезда на вечерта (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Лејди Гага во 2019 година на Мет Гала се појави во четири различни изданија и се вброи помеѓу највпечатливите изданија кои некогаш се прикажани откако е почнат да се одржува овој настан.

Пејачката Лејди Гага е позната по своите авангардни модни изданија и по тоа што каде и да се појави, мора да направи цел перформанс.

Токму на нешто такво личеше нејзиното појавување на Мет Гала во 2019 година, кога нејзиниот „настап“ на црвениот килим траеше 16 минути.

Тогаш темата на Мет Гала беше „Camp: Notes on Fashion“, а пејачката се потруди на вистински начин да одговори на оваа тема.

Нејзиниот фустан го имаше креирано дизајнерот Брендон Максвел и тој беше задолжен за нејзината раскошна и џиновска розова облека која „претрпе“ четири промени.

Првиот изглед беше забележам кога Гага стигна на црвениот килим, а се состоеше од розов фустан со наметка од 20 метри, со голема розова панделка на главата, златни големи лажни трепки и нејзината карактеристична боб фризура со кратки шишки.

За целото време додека траеја нејзините трансформации ја следеа мажи во костими кои држеа чадори, додека таа драматично позираше со широко отворени очи за да ја нагласи својата шминк.

Отприлика, на секои 4 минути Лејди Гага го менуваше изгледот на Мет Гала, па така во еден момент почна да ја вади панделката, да ја откопчува наметката откривајќи црн асиметричен елегантен фустан со интересно деколте.


Следната промена ја добивме со откопчувањето на црниот фустан, кој откри розов долг сатенски фустан на прерамки.

Во текот на својот настап, доби очила за сонце и џиновски ретро мобилен телефон, кој на крајот стана чанта, а Гага повторно нанесуваше кармин додека нејзиниот тим се преправаше дека ѝ ја поправа шминката и косата.

За последниот изглед, го откопча својот розов фустан, откривајќи дека одоздола носи светкав црн градник, гаќи, светкави чизми на платформа и мрежести хулахопки. 

Со себе за целото време влечеше и розова количка која го носеше името „House of Gaga“, што е назив за нејзиниот креативен тим. Во количката имаше розови шишиња и розови каубојски шешири.

фото: Принтскрин / Јутјуб