400 денари за лежалки во Охрид, хотелиерите по урнек на Грците, наплаќаат и на хотелски гости

Охрид е неочекувано полн за овој период од годината. Високите температури и тоа што многу граѓани ги користат деновите од ланскиот годишен одмор, се причина да има луѓе на плажите во нашиот најпопуларен туристички центар. 

На повеќето плажи има опција за поставување на сопствени реквизити, но има и такви кои нудат лежалки за изнајмување. 


Комлетно е реновирана плажата кај хотелскиот комплекс Белви и Метропол која е една од омилените со години и на охриѓани и на туристите, поради природните сенки. 

Минатата година, овде изнајмување на лежалка чинеше 100 денари, а сега цената е двојно поскапа. Се изнајмува сет од две лежалкии со чадор кој чини 400 денари.


Охридските хотелиери годинава работат по урнек на грчките, па лежалките се наплатуваат и за хотелските гости, со двојно помала цена, 200 денари за две лежалки со чадор. 


Лежалки се поставени насекаде, и во горниот дел, близу до хотелскиот парк, каде што до лани туристите доаѓаа со сопствени реквизити, и храна и пијалоци од дома. 

Годинава, ќе нема многу простор за нив.   

Во делот на Свети Стефан, лежалка е 150 денари, а сопствениците на шанковите не замеруваат ако туристите, за да поминат поефтино си купат пијалоци од маркет. 


Р.Ж.М.