Антибактериско калено стакло за вашиот мобилен телефон: Непpоценлива заштита која може да ја аплицирате и сами (ВИДЕО)

Ова се времиња кога телефоните, таблетите, паметните часовници и компјутерите, своите нови, подобрени и доградени верзии ги добиваат многу брзо. Кога дизајните и можностите на истите ги надминуваат човечките очекувања. Зошто и заштитата за нив, да не биде повеќе од она што досега сте виделе?

Подготвени или не, 4optimum се тука! Македонска компанија која што на пазарот нуди сосема поинаква опрема за заштита на технологијата без која денес не можеме да си го замислиме нашето секојдневие. Ако досега, приоритет при изборот на футрола за вашиот телефон беше бојата или дизајнот, време е да почнете да размислувате поинаку. Што ако приоритет е квалитетот и издржливоста? Ако антибактериско е нај користениот збор во последниве 3 години, зошто и стаклата за Вашиот телефон да не бидат такви, антибактериски?

Статистиката вели дека во САД се кршат 50 милиони екрани годишно. Друг извор пак смета дека 61% од работодавачите, очекуваат нивните вработени да бидат достапни за работа на далечина, дури и кога немаат службени телефони или компјутери. Ако некако сте дел од едната или од другата бројка, тогаш знаете колку е важна заштитата на основните алатки за работа. Тргнувајќи од идејата за идеална заштита, 4optimum во Македонија го носат PanzerGlass. Дански бренд за премиум заштитна опрема каде што ништо не е стандардно. 

Калено стакло, антибактериска програма за заштита и пакувања кои што се биоразградливи. Тоа значи дека освен што внимавате на Вашиот телефон, внимавате и на животната средина.

Телефоните денес, имаат софистициран дизајн и напредни перформанси. Желбата е да уживаме и во едното и во другото. Притоа, знаејќи дека без оглед на се, ќе бидат заштитени. Затоа и дизајнот на PanzerGlass е направен да ја следи линијата на новите мобилни телефони и таблети. На смарт часовници и лаптопи. Создадени да се вклопат во Вашиот стил на живот.

Аплицирањето на заштитно стакло, досега беше работа само за најпрецизните, или пак за најискусните. Сега, е за сите. Со јасни, точни и едноставни насоки, каленото заштитно стакло на овој дански бренд, можете да го аплицирате сами за само неколку минути.

PanzerGlass™ Installation Guide iPhones Standard Fit Easy Installation from PanzerGlass on Vimeo.

Производите на PanzerGlass за кои што 4optimum е официјален застапник, засега можете да ги најдете на официјалната страна 4optimum.com.mkно и во продажната мрежа на Телеком, и продавниците за техника Neptun и Anhoch.



*пр објава