5 фризури кои ќе бидат тренд во 2023 година: Една беше апсолутниот тренд во 90-тите, а има и за тенка коса

Добивај вести на Viber

Погледнете ги трендовските фризури кои ќе бидат апсолутно тренд за 2023 година

Ако изминатите неколку години доминираше трендот на едноставни фризури, 2023 година е подготвена да изненади. Слоеви, патец на страна, винтиџ боб, шишки - тие ќе владеат со годината што е пред нас, барем судејќи според она што може да се види на модните писти деновиве.

Подолу, погледнете некои од трендовите на косата кои можеби ќе ги видите како доминираат во годината што следи.

Шишки

Најдоброто нешто за шишките е тоа што е толку едноставен стил, но може целосно да го трансформира изгледот. Шишките се враќаат за пролетната и летната сезона со неколкупати појавување на модната писта во последните неколку недели. Дизајнерите навистина си поиграа и со должината, во разни колекции кои ги истакнуваа шишките со различни должини.

Патец на страна

Дебатата за патецот на страна или патец на средина беше ставена на крај од колекциите како што е шоуто на Томи Хилфигер есен/зима 2022. Длабокиот страничен патец доминираше на пистата и го зацврсти елитниот статус на овој тип фризура.

Боб фризура

Официјално е, боб фризурата е доминантна фризура за претстојната сезона. Речиси секој дизајнер донекаде ја нагласи боб фризурата. Оваа смела фризура веднаш додава облик на секој изглед, одлична е ако имате тенка коса бидејќи на овој начин ќе изгледа погуста и полесно ќе се обликува.

Минивал

Неочекуван тренд директно од пистата како што се гледа од ревиите на Том Форд и Фенди за 2023 година се ситните кадрици. Покажете ја својата дива страна следната сезона со оваа смела фризура.

Ниско врзена опашка

Ниско врзаното опавче се појави на ревиите на Шанел и Миу Миу. За да го постигнете изгледот, едноставно одлучете се за некој гел за да ја измазнете косата, повлечете ја наназад, а можете да го дополните изгледот со брош или друг додаток за коса за да ја направите вашата фризура поинтересна.


Фото: Инстаграм/Unsplash

Извор: стилкурир