5 најголеми „кралици на драмата“ според хороскопот
Ќе направите сè, само за да биде по Ваше? Дали се обидувате да ја претворите секоја ситуација во своја корист? Дали се трудите секогаш да сте во центарот на вниманието за да го привлечете внимание кон себе? Ако се најдете во овие ситуации - вие сигурно кралица на драмата.
Но, некои хороскопски знаци се издвојуваат повеќе од другите: драматизираат баш за се.
РАК (21 јуни - 22 јули)
Ракот не се плаши од нејзините чувства, какви и да се. Нивната упорност обично е квалитетна карактеристика, но понекогаш може да се претвори во конкурентност. Секогаш кога Ракот завршува во едно од овие расположенија, драматично почнува да се однесува како тотална принцеза. Тогаш најдобро е да се врати во реалноста.
ЛАВ (23 јули - 22 август)
Лавицата е кралица на целата драма. Таа сака да биде во центарот на вниманието, има високи стандарди во својот живот и мисли дека заслужува најдобро. Но, постои разлика помеѓу страста и драматичноста, што Лавица не ја разбира. Ако сакате да знаете што ќе се случи кога нема да го добие она што го сака, замислете дека може да направи ама баш се. Може да биде доста арогантна и егоистична, во обид се да се врти околу нејзе. Но, ако и го дадете она што го сака, таа ќе се смири ... на крајот.
ШКОРПИЈА (23 октомври - 21 ноември)
„Страст" е средното име Шкорпија, но страста доаѓа во многу форми. Обично, жената Шкорпија е најстраствена за животот и сексот, но има моменти кога нејзината страст се манифестира како нешто поголемо. Овој знак е познат по својата упорност, но може да стане емотивен и агресивен кога е вознемирен. Ако се најдете во нејзина близина во таква ситуација, избегајте! Затоа што кога се вознемирува, нејзиниот гнев се претвора во крајно драматичен и може да биде насилен. Наместо да разговарате со неа, најдобро е да чекате да помине бурата.
СТРЕЛЕЦ (22 ноември - 19 декември)
Стрелецот гледа во животот со ентузијазам, па кога почнува да драматизира, тоа обично не е поврзано со нешто негативно. Но, тоа не значи дека не може да ве повреди со она што го кажува. Жената Стрелец може многу да зборува, што често води кон проблеми. Кога сака да биде по нејзино, ќе каже нешто само за да ја направи другата личност среќна, без оглед на се. Дури и ако тоа значи дека треба да изгледа претеатрално.
ВОДОЛИЈА (20 јануари - 18 февруари)
Водолијата не изгледа како тип на човек кој драматизира сè, поради едно обиќно „не ми е гајле", но токму тоа ја прави кралицата на драмата. Нејзиниот обид да покаже дека не и е грижа открива бега од нешто. Таа не се обидува да се стави во центарот на вниманието, но нејзините чувства често се темпераментни, па затоа е невозможно да се предвиди кога ќе „пукне". И кога тоа ќе се случи, брзо се претвора во кралица на мелодрамата. Сепак, таа брзо ќе се смири кога ќе сфати дека нема причина да се драматизира, само треба да и дадете време.