6 вида на посни бомбици од една смеса: Брзо и лесно се прават, од состојки кои веќе ги имате дома (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Ви споделуваме рецепт за 6 вида на посни бомбици од една смеса. Брзо и лесно се прават, а одлични се за слави и друг вид на прослави.

Посните бомбици се идеален избор за посен сладок оброк, а се прават брзо и лесно.

Потребни намирници за 24 топчиња со средна големина:

За основната смеса:

800 гр компири

лажичка сол или по вкус

лук во прав по вкус

мелен црн бибер по вкус

посен мајонез од 95 гр

За валкање на бомбиците:

1 вид на бомбици - 50 гр мелени печени кикирики (малку во смесата, а остатокот за валкање)

Втор тип на бомбици - 50 гр мелени крекери од леќа (малку во смесата, а остатокот за валкање)

Трет тип бомбици, на половина од смесата број 2 додадете малку пржен сончоглед, а остатокот за валкање

4-ти вид на бомбици - 50 гр печен сусам (малку во смесата, а остатокот за валкање)

5ти вид бомбици - на половина од смесата број 4 додадете една лажица кечап и малку мелен црвен пипер во сусамот за валкање.

6ти вид бомбици - околу 30 гр изматена лута црвена пиперка, малку во смесата и остатокот за валкање.

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и ставете ги во вода, посолете ги и ставете ги да се варат. Откако ќе се сварат компирите, извадете ги од водата и испасирајте ги. Додадете зачини (сол, бибер и лук во прав) и мајонез. Смесата поделете ја во 6 чинии, во еднакви делови. Потоа од секој дел формирајте бомбици и валкајте ги во кикирики, крекери, сусам..



Фото и Видео: Youtube

Извор: стилкурир