8 најбарани фризури моментално: Бришат години и се одлично есенско освежување (ФОТО)
Пред почетокот на новата сезона, на косата ѝ е потребна многу нега особено по летните горештини и изложеноста на сонце. Затоа сега е одличен момент за промена на фризурата, а ние ви ги пренесуваме осумте најпопуларни.
Експериментирајте со косата без грижа на совест, за тоа служат косата и шминката - да го најдеме нашиот сопствен стил и да го прифатиме и да го направиме свој.
Затоа, ако ја имате онаа „проверена фризура“ која добро ви стои и не сте ја менувале со години - можеби е време да излезете од вашата комфорна зона.
На сите ни треба освежување по летото, па неколку модерни и тренди тонови ќе завршат супер работа.
Дали боб, бакарните бои и шишките сè уште се најпопуларни фризури? Ќе ви откриеме само едно – инспирацијата од седумдесеттите години на минатиот век и понатаму е најголемата инспирација.
Професионални фризери ги открија 8-те најпопуларни фризури во фризерските салони за сезоната што следува:
1. Шаг фризура
Роман Сис, стилист од салонот Тревор Сорби во Бристол вели: „Шаг фризурите можат да бидат со различни должини, но се опуштени, слободни. Како сами да го постигнете тоа? Оставете ја косата да се исуши на воздух за да ја задржи својата природна текстура, а потоа нанесете малку хидратантна пена со груби движења (треба да се постигне малку разбушавен изглед).“
2. Средна должина на коса
Дилан Британ од салонот на Џорџ Сквер вели: „Сега кога салоните се повторно отворени после ковид карантините, многу клиенти сакаат да ја задржат својата должина, но да се ослободат од какви било оштетувања и расцепени врвови и се одлучуваат за прекрасен, стил со средна должина на косата. Најголема предност е тоа што изгледа неверојатно здраво, но исто така може да се стилизира на многу различни начини“.
3. Бебешка русокоса техника на балајаж
„Ние правиме балајаж кога сакаме да постигнеме бебешка русокоса нијанса“, вели Саманта Кусик. „Клиентите сè уште сакаат да ја задржат својата природна боја повеќе во корените и помалку во должината, а нијансите на прамените да се побогати и поразновидни.“
4. Долга коса
„Гледам долгата коса како се враќа во мода - особено кога е здрава и сјајна. Единствениот совет е долгата коса да ја носите брановидна, а не права, за да изгледате поелегантно“, вели Џорџ Нортвуд, фризер на познати личности.
5. Смели бои
„Кога станува збор за бојата, има многу различни барања“, објаснува Еј Џеј Лордет, колорист во салонот Фредерик Фекаи во Њујорк. „Некои клиентки сакаат да го трансформираат изгледот со ексцентрични тонови како розова, лаванда или зелена“. Милениумците го започнаа овој тренд, а ние би го препорачале на секој кој има урбан стил и сака да ги крши правилата.
6. Шишки
Французинот Џек Бакстер вели дека никогаш не скратил толку шишки како во овој период. Веќе не е ни важно каква форма на лице имате, бидејќи има широк спектар на стилови шишки за сечиј тип на коса - само истражете ги сите можности и испробајте го стил кој вам најмногу ви одговара (секако со помош на професионален фризер).
7. Грубо стилизиран боб
Одлучете се за боб или лоб - нема да погрешите. И двете фризури прават лицето да изгледа помеко, а самите вие многу постилски. Вики Ен Хоскин од салонот The Grove вели дека клучот е овој стил да изгледа без напор, без многу врева и дотерување, како и да биде малку брановиден. Должината ќе треба редовно да ја одржувате за фризурата да не ја изгуби формата, но ќе вреди.
8. Кратки фризури
Кратката коса и пикси фризури се одличен начин да направите нешто ново, забавно и различно. Овој стил особено се препорачува бидејќи ја отстранува тежината од косата и прави да се чувствуваме порелаксирано на високите температури. Лесно е да се стилизира со производи како крема и пена, наместо да се оштетува со пегла или фигаро“, вели фризерот Дилан Британ.
извор:stil.kurirфото:instagram