8 здрави навики кои ќе ве направат поуспешни, продуктивни и недвосмислено попаметни

Сите сме, во поголема или помала мера, робови на нашите навики.

Дневните рутини или навики во голема мера го одредуваат текот на настаните во даден ден. Од начинот на кој го започнувате денот до тоа како го завршувате, секој ваш чекор и секоја ваша мисла се важни.

Во овој поглед, ви претставуваме здрави навики кои ќе ве направат поуспешни, продуктивни и недвосмислено попаметни.

Започнете го денот со појадок

Појадокот е многу важен оброк - може да ви го разубави или расипе денот. Сепак, голем број луѓе имаат навика да го прескокнуваат појадокот. Особено е важно кога станува збор за когнитивните способности на поединецот. Истражувањата покажуваат дека појадокот е директно поврзан со подобрените перформанси во областа на меморијата, вниманието и бројните извршни функции. Храната за тело е исто така и храна за мозокот.

Вежбајте јога

Вметнувањето јога во вашите секојдневни активности ќе ви донесе многу придобивки. Не само што ќе станете порелаксирани и пофлексибилни како личност, туку и вашето тело ќе биде поподготвено за многуте предизвици што ќе му ги поставите. Најновите истражувања покажаа дека луѓето кои редовно вежбаат јога, имаат повеќе сива материја во областа на мозокот што е поврзана со меморијата и извршната функција.

Медитирајте

Основната работа што медитацијата може да ве научи е да се опуштите и да дишете правилно. Медитацијата е уметност на дишење, каде што не правите ништо конкретно, но всушност му донесувате подобрување на вашето тело со вдишување и издишување во еднакви низи.

Решете загатка или пополнете крстозбор

На мозокот му треба предизвик секој ден со цел подобро, побрзо и поефикасно да одговори на поставените прашања. Крстозборки и загатки се фантастичен начин да го изострите умот и да го одржувате во форма.

Одморете во текот на денот кога ќе почувствувате потреба

Иако многу луѓе сметаат дека спиењето е губење на драгоцено време, во моментите кога навистина ви треба да дремнете, нема смисла да присилувате некоја друга активност. Ритуал на краток сон во текот на денот им помага на мозочните хемисфери да се опорават и да ги сумираат впечатоците.

Бидете физички активни

Лесната физичка активност како што се велосипедизам или вежби за истегнување помагаат да се зголеми нивото на допамин во вашето тело, односно хормонот што влијае на чувството на задоволство кај луѓето. После каква било физичка активност, дури и онаа што можеби ќе ве исцрпи малку повеќе, ќе се чувствувате задоволни.

Прочитајте книга

Интернетот може да изгледа како сеопфатен простор исполнет со потребни информации, но тој никогаш нема да може да се измери со добра книга. Читањето ја стимулира мозочната активност на највисоко ниво и ве тера да гледате на светот од сосема нов агол.

Најдете време за вашите пријатели

Осаменоста е најкраткиот начин да се изгасне способноста на една личност да напредува во општеството. Дружбата со пријателите е пред се добар изговор да ја напуштите куќата, да научите нешто ново, да се насмевнете, да ги споделите вашите грижи со нив, да бидете поддржувач на некого и дефинитивно да поминете квалитетно време со некој за кој се грижите.

извор:zenskimagazin.rs