Адријана (24) имала 106 килограми кога решила да го направи најдоброто за себе: Oслабе 30 килограми и повеќе не личи на себе

За четири месеци таа успеа да ја доведе линијата до совршенство.


Во еден момент таа имала 106 килограми. Кога едно утро собрала храброст и застанала на вагата, цифрата што ја видела таму била шокантна.

Адријана Марш (24) од Лондон деновите ги поминувала во одење по ресторани и консумирање на калорични оброци.
Само предјадењето достигнувало 2.000 калории. „По богатото мезе би следело пица, пилешко, плескавица или тестенини, кои пак би можеле да бидат помеѓу 1.000 и 2.000 калории, а сето тоа го појачувала со коктели. Пет коктели Пина Колада имаат околу 870 калории, па моите вечери би можеле да достигнат и надминат 4000 калории“, вели таа.

Во текот на денот јадела сендвичи и слатки и така во текот на цела 2017 и 2018 година, што довело до драстично зголемување на тежината. Во јануари 2019 година, таа одлучила да стави крај на тоа.

„Не се грижев премногу за тоа дека сум дебела, додека не најдов убава облека што сакав да ми одговара“.

Кога сфатила дека го мрази својот одраз во огледалото, знаела дека е време за радикална промена.

Решила да проба здрав начин на слабеење, диета која нема да ѝ наштети на здравјето, но ќе ѝ помогне да ја регулира тежината. Од тој ден, таа внесува околу 1.500 калории дневно и успеала да изгуби 30 килограми.


Таа сега има 70 килограми и гордо ја покажува својата нова фигура поради која повторно се чувствува добро во својата кожа.


„Во времето кога држев диета, воопшто не верував во себе и многу се борев да останам мотивирана. Во првиот месец ослабев 6,3 килограми“, вели таа.


Што јадела Андријана во минатото, а што јаде денес?

Исхраната некогаш:

Таа би го прескокнала појадокот.

Ручек - сендвич со сирење и шунка, кафе и диетален сок.

Ужина - шеќерни слатки и колачи

Вечера - Полнети компири за мезе, тестенини за главно јадење или пица.

Вечера во ресторан - Полнети компири за мезе и пица / пилешки хамбургер и помфрит / тестенини како главно јадење

Пијалоци - Се случило да испие и до пет коктели

Еве како изгледа нејзината исхрана денес:

Појадок: Кајгана и парче тост

Ручек: Пилешко или мисиркино месо, интегрален леб и салата или риба, леб и салата

Вечера: Овесна каша или кефир и лен

фото;instagram

извор;najzena