Животна училница // Приказни
Адријана го злоупотребува моето презиме: Горан Алачки со порака до поранешната сопруга
Реномираниот македонски музичар Горан Алачки кој неодамна ја призна својата долгогодишна врска со познатото ТВ-лице Марина Дојчиновска, со писмо кое наводно самиот го испратил до одредени медиуми ѝ упати директна порака на својата поранешна сопруга Адријана Алачки со која беше 25 години во брак и со која има две деца.
- Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасош…Ви благодарам! - стои во изјавата на Горан која ја пренесе порталот „Свет Австралија“.