Сите се молеа Есмералда да прогледа во серијата: Актерката беше зависничка од дрога, денес не личи на себе

Ликот на Есмералда, кој го игра мексиканската актерка Летиција Калдерон, ги освои срцата на сите на прв поглед. Публиката се идентификуваше со судбината на девојчето слепо од раѓање кое пораснало во шумска колиба со жена која ја заменила при раѓањето со машко дете. Според урбаната легенда, бабите низ цела земја се молеле да прогледа Есмералда.

Летиција Калдерон, која влезе во кожата на главниот лик, беше зависна од дрога за време на снимањето. Таа успеа да се спаси од кокаин дури кога нејзината најдобра пријателка почина од предозирање.


Иако во тоа време важеше за една од најубавите латиноамерикански актерки, денес Летиција, на 52-годишна возраст, изгледа сосема поинаку.

View this post on Instagram

A post shared by Lety Calderón (@letycalderon79)


Во 1997 година стапна на лудиот камен со Марк Лопез, но по две години следеше развод.

По распадот на нејзиниот брак, таа се запознала со Хуан Кољада, со кого се омажила во 2003 година и ги родила синовите Лусијан и Карл.