Актерот Крис Споц инволвиран во убиството на македонската актерка во САД?

Американскиот актер Крис Споц е човекот кој се самоуби пукајќи си во глава при неуспешен обид да побегне од полицијата во Калифорнија. Споц е всушност момчето на македонската актерка Адеа Шабани која е прогласена за исчезната во САД уште од почетокот на февруари.

Американската полиција се сомнева дека младата Шабани била убиена од нејзиното момче, актерот Споц кој потоа не можејќи да ја поднесе ситуацијата си го одзел животот пред полицајците кои требало да го уапсат. 


Актерот Крис Споц е роден на 29 јуни 1984 и досега има глумено во неколку филмови меѓу кои и „Тhe Shoaks“, „Statues“ и „In Solitude with Me“. Тој си го одзеде животот во полициска потера.