Алек Болдвин за прв пат по трагедијата: Низ солзи одговара на прашањата на кои цел свет бара одговори (ВИДЕО)

Алек Болдвин за прв пат по трагедијата во која почина Халина, даде интервју во кое одговори на бројни прашања кои сите ги поставуваат уште од моментот кога на сетот случајно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс.

Во ексклузивното интервју со новинарот Џорџ Стефанопулос, новинар на ABC News, Алек Болдвин ги откри одговорите на прашањата кои јавноста ги поставуваше откако се случи несреќата за време на снимањето.

Во емотивната исповед Алек се осврна на починатата Халина:

- Сите што работеа со неа ја сакаа, ја сакаа и ѝ се восхитуваа. Дури и сега, тешко ми е да поверувам, не е можно да се случи ова.

- Како можеше да се случи ова?, е прашањето на новинарот, а неговиот одговор ги остави луѓето во чудо и предизвика бројни реакции.

- Не го повлеков чкрапалото. Никогаш во животот не би вперил пиштол кон некого и не би пукал - тврди тој.

На прашањето на водителот како е можно вистински куршум да излетал од оружјето, Болдвин вели дека „нема поим".
- Некој ставил вистински куршум во пиштолот - тврди Болдвин и додава дека ова е најлошото нешто што некогаш му се случило.

„Постојано размислувам за тоа што можев да направам поинаку“, вели тој.

ВИДЕО од најавата за интервјуто кое ќе се прикажува вечерва:



извор:zena.blic

Моментот пред смртта на снимателката која Алек Болдвин ја уби случајно: Последната фотографија од сетот