Моментот пред смртта на снимателката која Алек Болдвин ја уби случајно: Последната фотографија од сетот

Серж Светној, кој работеше како електричар на снимањето на филмот „'Рѓа“, каде актерот Алек Болдвин со истрел од реквизитен пиштол случајно ја уби снимателката Халина Хачинс, на својот Фејсбук профил ја објави последната фотографија од Халина, која е направена на сетот во црквата.

„Мое видување на трагедијата. Добив стотици повици, пораки, писма со поддршка и сочувство за трагедијата со Халина Хачинс и многу сум им благодарен на сите. Да, ја познавав Халина. Работев со неа на сите нејзини филмови. Некогаш споделувавме „храна и вода, горевме на сонце, смрзнувавме на снег. Се грижевме еден за друг. Да, можам да кажам со 100 проценти сигурност дека таа ми беше пријателка“, започна тој.


„Сигурен сум дека имавме професионалци во сите области, но не и кај одговорниот за оружјето. Нема шанси 24-годишна жена да биде професионалец со оружје... Професионалците се луѓе кои поминуваат години на снимање, луѓе кои си ја знаат работата од А до Ш. Тоа се луѓе кои имаат рефлекси за безбедност, не треба да им се кажува што да прават. Тоа го имаат во крвта“, додаде тој.

„За да се заштедат пари понекогаш се вработуваат луѓе кои не се квалификувани за комплицирана и опасна работа и се ризикуваат туѓи животи. Разбирам дека секогаш се работи за буџетот, но не можете да дозволите тоа да се случи. Треба да има на барем еден професионалец во секоја област, кој си ја знае работата. Апсолутно е неопходно да се избегне трагедија како онаа со Халин“.

-Ова е последната фотографија со Халина на сет - напиша тој.

„Не сакам никој да помине низ она низ што поминав јас, она низ што поминаа нејзиниот сопруг Мет Хачинс и нејзиниот син Андрос и актерот Алек Болдвин на кого му дадоа пиштол. Тој мора да живее со фактот дека одзел живот поради непрофесионални луѓе. Почитувани продуценти, со ангажирање професионалци купувате мир на себе и на луѓето околу вас. Вистината е дека професионалците се малку поскапи и понекогаш знаат да бидат малку понапорни, но вредат. Вреди за животот на еден човек! Запомнете го тоа! Благодарност до медицинскиот персонал кој направи се' што беше можно во борбата за животот на Халина. Сите ја сакавме. Нека почива во мир. Господ да не' чува сите“, заклучи тој.

извор:srbijadanas.rs