Во сино, како Меланија Трамп, новата претседателка на Македонија даде свечена заклетва
Облечена во елегантен костим во сина боја, составен од сако и долго здолниште, новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска-Давкова изгледаше сосема елегантно и соодветно, а сето тоа го надополни со бисерен гердан. Во слично издание ја видовме и Меланија Трамп, на инаугурацијата на Доналд Трамп, што воопшто не е лошо.
Ја даде и свечената заклетва во Собранието со што и официјално беше инагурирана во шестиот по ред шеф на државата од нејзиното осамостојување.
При давање на заклетвата повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име на земјата Република Северна Македонија, Силјановска-Давкова употребуваше само Македонија.
Го молам претседателот на Република Северна Македонија да го повторува по мене текстот на свечената изјава, рече Митрески.
„Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно. Ќе го почитувам Уставот и и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија“, рече Силјалновска-Давкова во свечената заклетва.
Откако ја потпиша свечената изјава, претседателот на Собранието на претседателката на државата и го честиташе преземањето на должноста и ѝ посака успех во работата.
Фото: Јутуб принтскрин