Среќен роденден љубов: Лејла Рамковска прва му честиташе роденден на саканиот

Добивај вести на Viber

Веќе некое време во љубовта уживаат јога инструкторката Лејла Рамковска и пејачот, продуцент и композитор Роберт Билбилов.

Среќата не ја кријат, и често споделуваат мигови од приватниот живот на социјалните мрежи.

Денес Билбилов слави роденден. Тој полни 41 година, а прва роденден му честиташе токму неговата најсакана, Лејла.

„Среќен роденден љубов“ напиша Лејла на инстаграм приказната покрај фотографијата од нив двајца како гушнати уживаат на плажа.


„Со Роберт се знаеме сигурно повеќе од 20 години, имавме доста заедничко опкружување, но никогаш не сме имале нешто повеќе од обично здраво...Сме имале меѓусебна почит. Но, како се вика, сега дојде моментот на она „Во вистинско време, на вистинско место“...

Половина година сме заедно. Не треба ништо посебно за да ве освои некој ако ги барате вистинските нешта... Роберт е вистински искрен, грижлив и пред сѐ добар човек“ , ни раскажа Рамковска во едно интервју откривајќи ни ја нивната љубовна врска. 



View this post on Instagram

A post shared by Lejla Ramkovska (@lejlaramkovska)