Животна училница // Наша инспирација
Ана од струмичко која живее во Швајцарија ја донираше косата за болни дечиња: По инспирација на Стефани
Убави вести кои грејат срца, ни доаѓаат повторно од Струмица.
Ана Цветкова која живее во Швајцарија, а потекнува од Ново Село, струмичко ја видела веста за 6-годишната Стефани и таа добила инспирација и сакала да ја донира својата коса за болни дечиња. Веднаш кога стигнала во родната Струмица закажала шишање кај фризерот Александар, кој ја шишаше и Стефани.
Браво Ана, за тебе и за твоите родители. Се надеваме дека сега ти ќе бидеш инспирација за други дечиња да помогнат на оние кои им е потребно.
Фото: Александар
Браво: 15-годишната Душица од Струмица ја донираше косата за перика за деца болни од рак
Ми олесна, ја завршив мисијата: Јована ја донираше косата за перика за деца болни од рак