Анкица Бенинова: Театарот поминал низ многу „чуми“ ќе го помине и овој период и ќе опстане
Младата актерка Анкица Бенинова, веќе неколку години работи во Струмичкиот театар „Антон Панов“. Таа е вљубена во сцената, во природата и животот. Ја сака и публиката. Во оваа време на пандемија на КОВИД-19, вели дека луѓето треба да бидат разумни и стрпливи, да седат дома, за да може сево ова многу побргу да заврши и да и се вратиме на нормалниот живот а таа да се врати на сцената.
Деновите во домашна изолација Анкица вели дека ги поминува дома во Струмица.
„ До скоро јуревме кон остварување на нашите соништа но сега светот не сопре. Тоа е како периодот кога ќе се разбудиш од сонот и се трудиш пак да заспиеш за да продолжиш да сонуваш. Се чувствувам како заглавена во тој простор од сон во сон но се надевам не за долго.
Престанав да бројам колку денови сум дома и не размислувам зошто воопшто сум дома. Единствена прошетка е до малската продавница.
Го пополнувам времето со гледање серии, читање, online комуникација со моите блиски“, вели Бенинова за изолацијата.
Секако, како актерка не можевме а да не ја прашаме и за театарот, дали и недостига и како ќе биде театарот после кризава.
„ Ми недостига прашината, ми недостига мракот, ми недостига подигањето и спуштањето на завеста, ми недостига аплаузот од публиката заради која ние постоиме. Театарот поминал низ многу чуми, пожари, затворања, ќе го помине и овој период и ќе опстане“, споделува Анкица.
Актерката ги замолува луѓето да бидат разумни и стрпливи сево ова ќе помине мораме да останеме добри луѓе.
За рубриката „Театар дома“ Анкица одбра дел од расказот „Дебелиот и танкиот“ од Антон Павлович Чехов. Еден нејзин омилен и поинетерен расказ од мајсторот на кусиот содржаен расказ, Чехов.
ВИДЕО
Н. Миланова