Арапска торта без брашно, со гриз и кокос: Најдобар и најбрз рецепт за познатата Басбуса
Фото: printscreen youtube
Рецептот за овој лесен и прекрасен деликатес направен од гриз се прошири низ Ориентот и стигна до нашите краишта, а ќе се изненадите колку лесно се подготвува
Басбуса е еден од омилените деликатеси на блискоисточната кујна, а потекнува од Египет, иако денес се прави насекаде низ светот. Во Македонија варијантите на оваа торта се познати како раванија, додека Ерменците својата ја нарекуваат шамали, а Турците и Албанците ревани.
Во секој случај, тоа е колач добро натопен во сладок шеќерен сируп, кој најчесто се сече на коцки, а често во центарот на секој се става по еден орев или бадем.
Басбуса торта во египетски стил
Состојки:
5 јајца
200 гр шеќер
240 мл густ јогурт
240 мл масло
1 лажица прашок за пециво1/2 лажичка кардамон во прав
180 грама кокосово брашно350 грама гризЗа сирупот:
240 ml вода
200 гр шеќер
1 лажица розова вода
3 супени лажици сок од лимон
Подготовка:
Јајцата со шеќер се матат со миксер, па се додаваат јогуртот, прашокот за пециво и кардамонот и се продолжува со матење.
Потоа истурете го маслото и кокосовото брашно и убаво измешајте.
Додадете го гризот и мешајте додека смесата не стане компактна.
Истурете во плех обложен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 180 степени околу 35-40 минути.
Потоа во тенџере измешајте ги состојките за сирупот, доведете до вриење и потоа варете уште 6-7 минути.
Исечете го колачот на коцки, па прелијте го со сирупот.
Посипете со кокосово брашно.
Извор: glossy.espreso.co.rs
*пр-објава