Бабин рецепт за најдобриот мини куглов: Се топи во уста (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Рецептот за најдобриот куглоф мора да го пробате бидејќи има навистина неодолив вкус, а за да го направите воопшто не ви треба многу време.

Потребни намирници:

3 јајца

100 гр шеќер

100 мл масло за готвење

100 мл млеко

100 гр брашно

50 гр гриз

кора од лимон

200 гр вишни

1/2 прашок за пециво

Начин на подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот, се додаваат маслото, млекото, брашното и гризот со прашокот за печиво, кората од лимон и сето убаво се меша. Истурете во калапи за мафини, а во средината ставете вишни или некое друго овошје.

Печете на 200 степени 35-40 минути. Извадете ги од калапот кога ќе се изладат. Посипете шеќер во прав и уживајте.

Бон апетит!


ПР објава

Фото и Видео: Youtube