Бебе родено без кожа - мистерија за докторите: Телото му било црвено, а вените видливи (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Фото: Profimedia

После многу работа, лекарите се надеваат дека бебето ќе може да си оди дома во август

Џабари Греј е роден на 1 јануари и вистинско чудо е што преживеал. До 37-та недела, прегледите покажале дека бебето е здраво, но тогаш докторите забележале дека тоа не добива тежина и дека срцевиот ритам му опаѓа, па направиле итен царски рез. Малиот Џабари не плачел кога се родил, што целосно ги шокирало родителите кои веќе имаат две деца.

Ова храбро момче имало само 1,36 килограми, а освен тоа, она што најмногу ги загрижило лекарите е фактот дека Џабари е роден без голем дел од неговата кожа.

Имал кожа на главата, лицето и делови од рацете и нозете. Очите му биле затворени, не можел да дише самостојно и пиел лекови против силна болка, а лекарите сметале дека нема да може да го издржи сето тоа.


Неговата мајка Присила за медиумите изјави дека целото тело му е црвено и дека вените му се многу видливи.

Сепак, по седум месеци интензивна нега, тој се здебелил 6,35 килограми и неговата состојба се подобри - сето тоа благодарение на постепената трансплантација на кожа во Детската болница во Хјустон. Лекарите ја одгледувале кожата во лабораторија, од клетки земени од задниот дел на увото. Тие полека ја намалуваат неговата доза на аналгетици и се надеваат дека ќе може да си оди дома во август.

Иако неговата состојба се подобрува, раѓањето без кожа е сè уште голема мистерија за лекарите. Различни испитувања покажаа дека тоа не се генетски предиспозиции, а преку веб-страницата GoFundMe се собираат пари за понатамошно истражување, пренесува Health.


Можеби ќе ве интересира:

Најсреќното бебе на цел свет: По 694 дена поминати во болница, Валентина конечно си замина дома