Bella одблизу со Надица Чешмаџиска: Светот на модата секогаш се менува

Добивај вести на Viber

Модниот бренд „Bella“ веќе повеќе од 25 години неуморно верува во силата на секоја жена и нејзиниот префинет стил. Од една скопска кројачница омилена меѓу дамите, „Bella“ стана бренд фирма која го одразува стилот на модерната и деловна жена. 

Надица Чешмаџиска која е на позицијата маркетинг менаџер во „Bella“, за себе вели дека е позитивна девојка. Во светот на модата се снаоѓа одлично и се труди на дамите да им помогне да ги изберат вистинските креации од колекциите на „Bella“, кои ја симболизираат убавината и моќта на современата, префинета жена. За Женски Магазин, открива дел од своето секојдневие, како и омилените парчиња од својот гардеробер.

* Кажете ни нешто повеќе за себе.

-  Во животот ги вреднувам едноставните работи: семејството, пријателите и моментите кои ме прават среќна. Сакам да позајмувам знаење од други луѓе, да разменувам искуства и идеи. Ја вреднувам иновацијата и креативноста и верувам во нивната моќ за промена.   

* Мото кое Ве води низ животот.

- Бидејќи сум љубител на 7-мата уметност, ќе ја издвојам познатата изрека на Џек Николсон „If you got to go, go with a smile” – или во превод што и да се случи, без разлика дали е добро или пак лошо, прифати го со насмевка. 

* Кажете ни нешто повеќе за Вашeто работно место во Bella. 

- Светот на модата секогаш се менува. Она што е актуелно денес, може да исчезне веќе следниот ден. Мојата работа е да ги антиципирам модните трендови заедно со дизајнерскиот тим, да разберам што сакаат потрошувачите, преку „offline“ и „online“ алатки, да ја раскажам приказната на брендот и да и помогнам на мојата таргет публика  да внесе промени во начинот на кој таа се изразува преку она што го носи.   

* Зошто ја сакате модата, што претставува модата за Вас?

- Ја сакам модата затоа што е најмоќната форма на себеизразување. Она што го одбираме да го носиме кажува многу за тоа како сме расположени во одреден ден, зборува за нашата личност, па дури кажува и што мислиме за себе. 

* Како би го дефинирале Вашиот стил на облекување?

- Би кажала дека сум љубител на лежерниот стил. Сакам проверени комбинации, но некогаш знам да изненадам и со невообичаено модно издание. 

* Омилено парче облека? Во што се чувствувате најудобно?

- Обожавам ролки. Ги имам во неколку бои и материјали. Моментално сум опседната со блузата „Рене“, ја имам во црна и во бордо боја. Голем  љубител сум на панталони, и тоа во секаков дизајн. Преферирам црни но нема да одбијам и некоја друга боја 

* Дали има некое парче од кое не можете да се одделите?

- Дефинитивно палтото „Рене“. Струкирано, модерно и шик – едноставно тоа ми е како прва помош во деновите кога брзам за на работа и не можам да се одлучам што да облечам, а тоа да биде скоцкано.

* Кои безвременски парчиња мора да се наоѓаат во гардероберот на една жена?

- Црно-бела комбинација која може да се носи секојдневно. Тука би ги издвоила кошулата „Мелани“ и панталоните „Мелани“ од пролетната колекција на „Bella“. „Молив“ здолниште во нова освежена верзија како што е здолништето „Монако“, и секако пред да затропа пролетта никаде без трендовски долг мантил „Софи каро“ исто од новата пролетна испорака за 2019-та 

* Што треба да поседува една жена  за да биде успешна и убава?

- Треба да биде насмеана, храбра, самоуверена и секогаш да го надоградува своето знаење.


Даница Караташова