„Беше - премногу совршен“: Поранешната сопруга на фудбалерот Кака проговори за разводот по 9 години
Поранешната сопруга на популарниот Бразилец истакнува дека тој никогаш не ја изневерил и добро се однесувал со неа за време на бракот во кој имаа две деца. Но нешто ѝ недостигаше...
Поранешниот бразилски фудбалер Кака, чие целосно име е Рикардо Исаксон дос Сантос Леите, остави длабока трага во европскиот фудбал и е добитник на бројни трофеи и индивидуални награди, вклучувајќи ја и Златната топка.
Тој е познат и по својата хуманитарна работа и е голем христијанин, а отсекогаш бил популарен кај девојките.
Тој е во брак со Каролина Дијаз веќе пет години, а зад себе има десетгодишен брак со Каролина Селико, поранешна пејачка и свештеник на евангелистичка црква, која сега проговори за нивната разделба.
Двојката се запознала додека Каролина уште била во средно училиште, во 2002-ра година, а за време на нивната врска Кака играше за Милан.
За време на една од нејзините посети на Италија, фудбалерот ја запроси својата девојка и се венчаа во 2005-тата година во Сао Паоло, по што ги добија синот Лука и ќерката Изабел, а потоа ги изненади сите во 2015-та година објавувајќи дека се разведуваат.
Откако Кака се ожени повторно, и Каролина повторно најде љубов, па во 2021-ва година се омажи за Едуардо Скарпе Џулијао, а потоа го доби синот Рафаел, додека спортистот со втората сопруга ги има ќерките Естер и Сара.
Многумина се прашуваа зошто на прв поглед заврши навидум совршениот брак на Кака и Каролина Селико, а таа сега објасни дека токму тоа е проблемот - сѐ било премногу идеално.
- Кака никогаш не ме изневери, се однесуваше добро со мене, ми даде прекрасно семејство, но не бев среќна, нешто недостасуваше. Проблемот беше што тој беше премногу совршен за мене - изјави поранешната сопруга на фудбалерот, а пренесува „The Sun“.
Инаку, Каролина се приклучила на црквата на Кака откако започнале врска, но се откажала од тоа во 2010-та година и се посветила на добротворната организација „Horizontal Love“, која обезбедува храна, производи за лична хигиена и едукација на бразилските невладини организации.
Извор: glossy.rs