Ѝ беше најголема поддршка, нивната сличност е неверојатна: Ретка фотографија од Лепа Брена и нејзината мајка
Јавноста беше воодушевена од сликата на Лепа Брена и нејзината покојна мајка Ифета
Убавата Брена доживеала голема тага по смртта на нејзините родители. Нејзиниот татко Абид имал сообраќајна несреќа во 2010-та година, по што го загубил животот. За работите да бидат уште полоши, сето тоа се случило на роденденот на Брена.
По 4 години од загубата на татко ѝ, пејачката ја погоди смртта на нејзината мајка Ифета.
Брена секогаш нагласувала дека нејзините родители се нејзините најголеми поддржувачи и дека ја воспитувале во согласност со вистинските вредности.
„Таа хиерархија се негуваше за да се почитува таткото... Мама секогаш беше построга, често разговаравме, постојано ми велеше да бидам паметна и да не правам глупости. Ме научи да готвам, да правам зимница, да плетам, да шијам. Знаев дури и да варосувам ѕидови и да везам гоблени. Денот ни започнуваше со мирис на кафе и појадок. Јас бев повеќе со момчињата. Игравме криенка, лимон и портокал, ја препливавме Сава...“ , изјави еднаш Брена.
Мајката на Брена не сакала камери, па не се истакнувала, криејќи се од очите на јавноста. Малкумина знаат како изгледала мајката на Брена, но неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Брена и нејзината мајка.
Фотографијата од насмеаните мајка и ќерка разбуди убави емоции кај многу луѓе.
„Слика и прилика на својата мајка“, „Прекрасна мајка“, се дел од коментарите.
Ифета секогаш имала убави зборови за својата ќерка, а во една прилика рече:
„За вас можеби е Брена, но за мене е Фахретица. Таа го доб името по мојата сестра, а талентот го наследи од нејзината баба, мајка ми.“
Извор: stil.kurir.rs