Беше најголема природна убавица, а со славниот холивудски шмекер е од 1994! Денес го напаѓаат и му порачуваат: „Најди некоја послаба“

Кили Шеј Смит, сопругата на актерот Пирс Броснан, неодамна се прошета во Малибуо, уживајќи во краткото шопинг патување, а папараците не пропуштија ниту момент да ја фотографираат оваа прекрасна дама.

Кили изгледаше свежо и младешки во лелеав, црвен фустан со цветен принт, кој го надополни со беж сандали, убава огрлица и очила за сонце во мачкин стил.


Инаку, оваа 58-годишна жена често е мета на критики од дел од публиката и јавноста поради вишокот килограми и поради тоа што не одговара на современите стандарди на убавина и забелешки а прашањата за тоа од каде Броснан со неа се доста чести. Пирс често е критикуван дека „можел да најде и некоја послаба“.

Прославениот актер не е имун на ваквите коментари и неколкупати одговори на нив. Кога еднаш го прашале што мисли за тежината на неговата сопруга, актерот самодоволно одговорил: „Таа е една во милион. Многу сум среќен што ја најдов токму неа“.



„Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ќе ме погледне, таа секогаш ме соборува од нозе и чувствувам трепење во коленици“ рекол Броснан.

Поранешниот Џејмс Бонд не се воздржува јавно да покаже нежност, а на социјалните мрежи често споделува фотографии со Кили и и посветува емотивни објави и зборови полни со љубов.

Да потсетиме, парот се запознал далечната 1994 година во Мексико во кафуле, а од тогаш Пирс ја нарекува „своја девојка“. Седум години подоцна размениле брачни завети, а добиле и два сина - Дилан и Парис. Нивниот брак е обоен со длабока љубов и почит, а тие се практично неразделни - ретки се случаите кога холивудскиот шармер е на настан без сопругата.


Инаку, првата сопруга на Броснан, Касандра Харис, починала од рак во 1991 година, нешто што многу тешко го поднесол, а во неколку наврати раскажувал како Кили го спасила од депресија и му помогнала да застане на нозе по трагедијата.

Кили му помогна и во 2013 година, кога неговата посвоена ќерка Шарлот почина од рак на јајниците на 42-годишна возраст, што повторно му беше рамо за плачење и голема поддршка.

Во интервју за „People“ во 2017 година, Броснан ја откри тајната на неговиот среќен брак: тој тврди дека тој и Кили поминуваат многу квалитетно време заедно.

„Мојата сопруга и јас отидовме на кратко патување во Санта Барбара - отидовме на романтичен викенд, ги обиколивме куќите и пиевме одлично вино. Не слушавме никаква музика, само гласовите еден на друг и го гледавме светот околу нас“ рекол тој.

Пирс Броснан нè учи што е вистинска љубов и ги фрла на колена сите принцови од бајките