Беше нејзина безусловна љубов, а таа негова супермајка: Синот на познатата актерка изврши самоубиство

Единственото дете на шармантната актерка и познатиот уметник и ди-џеј си го одзеде животот, а оваа инфромација ја потврди и актерката по шпекулациите во медиумите...

Актерката Реџина Кинг, една од најпопуларните холивудски ѕвезди, потврди за „People“ дека нејзиниот син, Иан Александер Јуниор си го одземал животот.

„Нашето семејство е скршено до надлабокото ниво поради заминувањето на Иан. Тој е светлината која толку длабоко се грижеше за среќата на другите“ - порача актерката во соопштението за медиумите и ги замоли сите да „имаат малку обѕир“.

Иан, кој го прослави својот 26-ти роденден два дена пред смртта, беше единственото дете кое Реџина Кинг го доби за време на бракот со продуцентот Иан Александер. Актерката со синот имаше близок однос, а тој често ѝ беше придружба на престижните настани на кои се собираат познатите.

„Едноставно таа е супермајка“ - кажа Иан во една прилика кога го прашаа за односот со мајка му. „Таа никогаш не дозволува лошите работи од работниот ден да се одразат на времето кое го поминуваме заедно. Навистина е неверојатно да се има мајка со која толку уживам да бидам.“

Реџина повеќе пати истакнуваше дека нејзината успешна холивудска кариера и почитта и симпатиите на публиката кои ги доби во текот на децениите работа на филмови и телевизија се во сенка на нејзиниот најголем успех и нејзината најголема радост: нејзиниот син.

„Не знаете што е безусловна љубов. Можете да кажете дека занете, но ако немате дете, не знаете што е тоа“ - кажа Реџина во една прилика. „Кога ќе го доживеете тоа, тоа е нешто што најмногу ќе ве исполни во животот.

фото: Принтскрин/Инстаграм