„Бев бремена 98 месеци, родив 12 деца“: Сега е самохрана мајка, а троши 600 пелени за само една недела

Бритни Черч (32) е бремена секоја година од 2004 година, освен во 2013 и 2017 година. Таа има дванаесет деца, меѓу кои и тројки, а долго време поминала бремена откако го родила своето прво дете Крисман (17), кога имала само 16 години години.

Бритни од Канзас, САД, иако поминала бремена 98 месеци, односно осум години и еден  месец, што е голем дел од нејзиниот живот, признава дека не ужива во бременоста.

- Не уживам толку во бременоста, но сето тоа би го поминала повторно кога би требало. Многу ги сакам моите деца- изјави Бритни за „Daily Star“.

Мајката често го споделува своето големо семејство со своите 1,8 милиони следбеници на „TikTok“, каде неодамна сподели колку долго била бремена.

По раѓањето на Крисман, Бритни и нејзиниот поранешен сопруг добија уште четири деца - Џордан (15), Кејлеб (14), Џејс (13) и Каденс (12).

Меѓутоа, работите меѓу парот завршија во 2010 година, кога се разведоа. Во тоа време, Бритни беше самохрана мајка и мораше сама да се грижи за пет деца.

Рекла дека поминала низ фаза која вклучувала излегување и посетување клубови, но тоа завршило во 2012 година кога неочекувано забременила со шестото дете Џослин (10).

Со уште една принова на нејзиното потомство, мајката останала сама да воспитува шест деца речиси три години, додека не се појавил нејзиниот сегашен сопруг Крис. По врската во 2014 година, парот доби уште шест деца заедно, вклучувајќи ги и двегодишните тројки Оливер, Ашер и Ејбл.

Ги имаат и Силас (5), Кристофер (4) и Ровињ кој има неполна година. Но, големото семејство значи големи трошоци.

Бритни и Крис трошат над 230 фунти на храна и трошат 600 пелени за само една недела.


Извор: www.srbijadanas.com