„Бев гладна и нервозна“: Дајана ја испроба диетата на Викторија Бекам, по една недела дошла до овој заклучок
Викторија Бекам шокираше со тоа што веќе 25 години јаде исто јадење секој ден, се храни многу едноставно и монотоно.
По признанието на Дејвид Бекам за животот со сопругата која 25 години консумира иста храна - риба на скара и зеленчук на пареа, а за возврат има витка линија и 53 килограми, многу жени веднаш побрзаа да тестираат дали оваа диета може да им помогне.
Шармантната Дајана целосно го елиминирала црвеното месо, млечните производи, слатките, соковите, тестенините, грицките и лебот, а по неколку дена почнала да ги чувствува промените.
Покрај непријатниот мирис кој се ширел низ нејзиниот дом, се појавиле и вртоглавица, чувство на замор и исцрпеност.
-Почнав со најскапата риба, бакаларот, но прилично се разочарав. Се обидов да надоместам со зеленчук, но сè беше блуткаво. Легнував прилично гладна и нервозна затоа што ме чекаа напорни денови - изјави таа за MEN и додаде:
- Обично одам на трчање во средината на неделата, но денес сум гладна и немам доволно енергија, па го прескокнав. Можеби на фотографиите се смеам, но внатре плачам – призна таа.
40-годишната репортерка, исто како Викторија, се честела со вино еднаш неделно пред спиење, но тоа не ѝ помогнало да се чувствува весела и среќна.
Сфатила и дека троши многу повеќе пари на свежа риба, а вкусот бил многу блуткав и невкусен.
- Целата куќа ми смрди на риба. Морам да ја празнам кантата за ѓубре секој ден за да биде поподносливо, но мирисот сè уште постои - призна таа.
На крајот од својот експеримент, поточно на крајот на неделата, Дајана решила да види дали придржувањето до оваа диета резултира со промени во нејзината тежина. Таа била шокирана кога дознала дека воопшто не ослабела. Таа одлучи дека повеќе нема да ја следи диетата на Викторија.
„Тоа беше доволна причина еднаш засекогаш да го прекинам овој експеримент и да се вратам на секојдневната исхрана“, заклучи таа.
извор:GLOSSY / manchestereveningnews.co.uk фото: MAN