Бевме негативни на првиот тест: Пејачката Теа Трајковска по искуството со Ковид-19

Младата пејачка Теа Трајковска на своите социјални мрежи сподели дека таа и нејзиното семејство го прележале коронавируот. Среќна поради добриот исход од целата ситуација, сега Теа апелира сите да се заштитат.

„ Covid FREE selfie 
Се мислев дали воопшто да го споделам ова тука, ама сметам дека е важно да се биде искрен и дека такa треба да се користат ваквите платформи, а не селективно прикажување на симпатичните, романтичните и инстаграм-естетските животни моменти.
Последниов месец беше real-life ролеркостер во секоја смисла.
Денес, благодарна сум што сме сите на број, благодарна сум што не заразив никого бидејќи се изолиравме неколку дена порано и благодарна сум што поминавме низ ова без поголеми последици
Ситуацијата е пререална, никој од моите блиски кои иницијално се заразија не знаат од каде/кого и покрај придржувањето до мерките и внимавањето и што е најчудно дел од нас бевме негативни на првиот тест.
Чувајте се и заштитете ги повозрасните околу вас“

View this post on Instagram

A post shared by THEA (@theatrajkovska)