ПРЕД ОГЛЕДАЛО со Теа Трајковска: Не ни треба маскенбал за да сме убави

Добивај вести на Viber

Пејачката Теа Трајковска како млада и секогаш средена девојка, ги сподели своите трикови и тајни за убавина во рубриката „Пред огледало“.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Денот ми почнува со задолжително миење и чистење на лицето и голема шолја кафе. Потоа се разбира дневна крема, а доколку немам работни дневни обврски, гледам да го одморам лицето од шминка што повеќе е возможно.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Тоник за лице, дневна и ноќна крема и повремено маски за тип на кожа како мојата.

* Посетувате ли козметички салони?

 - Третман за лице немам направено некое време, затоа што за среќа сум немала потреба. Соодветната нега е клучна за кожата, а за летниот период „тајната” ми е сонце - витамин Д, морска вода и хидратација.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- На косата морам да признаам дека ѝ посветувам многу внимание, меѓу другото бидејќи ја фарбам веќе 10 години и не постои боја, варијанта и должина што ја немам пробано. 

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Заљубена сум во мејк-ап, пратам мејк-ап трендови и „soft spot“ ми е трошење пари на шминка. Мислам дека шминкањето е цела уметност и начин на израз (се додека се прави на вистинскиот начин). Би издвоила како совет само дека „less is more” и тоа дека акцентот треба да биде или на очите или на усните, а не да се претера и да се гледа на нешто што треба да е разубавување, како на маскирање.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Не сум роб на конкретни брендови и сакам да ескпериментирам и пробувам нови работи, ама ако треба да кажам „faves“ од декоративна козметика тоа би биле пудрата на „Kat Von D“, „Naked“ палетите и маскарите на „L'Oréal“.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Пудра, бронзер, маскара, кармин во „nude“ тонови и лабело - „a must“.

* Омилен парфем?

- „Armani - Diamond“ (отсекогаш и засекогаш)

* Како ја одржувате линијата?

- Искрено никогаш не сум била опседната со својата линија. Имало денови кога сум имала  неколку килограми плус од сега, и такви кога сум била послаба. Важно ми е да се обидувам да живеам поздраво, колку што е возможно и ми налага денешното темпо на живот.

Даница Караташова