Шминка за жени над 50 години: Професионален шминкер открива трикови за младешки и свеж изглед

Добивај вести на Viber

Потребите и изгледот на кожата се менуваат со годините, па на неа треба да се прилагоди и начинот на шминкање.

Професионалната шминкерка од Париз, Андреа Али, шминка познати личности и објавува совети за шминкање на социјалните мрежи. Во видеото на нејзиниот канал на YouTube, таа опиша како жените над 50 години треба да се шминкаат.

Серумот е од суштинско значење

Серумот, кремот и кремот околу очите треба да се нанесат на исчистена кожа со лесно тапкање. Подготовката на кожата не се прави само непосредно пред шминкањето, туку и претходната вечер. Козметичките производи за нега на лице имаат 60 отсто поголем ефект во текот на ноќта, тврди Андреа.

View this post on Instagram

A post shared by Nikki_Makeup (@nikki_makeup)


Нанесување пудра и руменило

Прво нанесете течна пудра. Околу очите на темните кругови треба да се нанесе посветол коректор кој му дава свежина на лицето, а на неправилностите да се нанесе коректор во тонот на кожата. Трикот што го советува за нанесување крем руменило (и други крем производи) е прво да го ставите на раката, а потоа со четка да го нанесете на лицето бидејќи полесно се спојува во кожата. Таа става лесна рефлектирачка пудра на пределот околу очите, која ќе спречи коректорот да навлезе во брчките под очите. Доколку е потребно, кремастите контури и руменилото може да се дополнат со производи во пудра за да се продолжи времетраењето на шминката.

Боја на сенки за очи

Андреа советува да нанесете сенка за веѓи која ќе ги пополни местата каде што нема влакна. Искористете ги сенките за очи во земјени тонови на едноставен начин на кој секоја жена може да се обиде сама. Последниот чекор од шминката на очите е маскарата која го комплетира изгледот.

View this post on Instagram

A post shared by Andreea Ali (@aliandreeamakeup)

Сјајот за усни е задолжителен

Пред да нанесете молив за усни, Андреа препорачува да го отстраните преостанатиот крем од усните. Потоа нанесете кармин во светла нијанса за природен изглед на лицето. Дополнителен трик кој таа го советува е да нанесете лесен сјај над карминот доколку сакате да избегнете мат изглед на усните.


Фото: Youtube - scvreenshoot/ Инстаграм