Паднаа акциите на Маск: Безос е повторно најбогатиот човек во светот!

Богатството на Безос во моментов се проценува на 191, а на Маскна 190 милијарди долари.

Американскиот бизнисмен Џеф Безос ја врати титулата најбогат човек на светот, која ја загуби од основачот на компанијата Тесла и Спејс Х, Илон Маска, пред шест недели, пишува Си-Ен-Ен.

Маск изгуби околу 4,5 милијарди долари во вторникот поради падот на акциите на Тесла за 2,4 проценти, што беше доволно за да се најде на второто место на индексот на милијардерите на Блумберг.

Богатството на Безос се намали и поради падот на берзата, но немаше екстремни промени затоа што изгуби околу 372 милиони долари, а тоа беше, според Си-Ен-Ен, доволно за да ја врати титулата најбогат човек на светот, што тој претходно ја држеше три години.

Си-ен-ен исто така наведува дека, имајќи предвид дека „Амазон“ на Безос забележа огромно зголемување на продажбата поради пандемијата на „ковид-19“, учеството на извршниот директор се зголеми во 2020 година од 75 милијарди долари, на 173,3 милијарди долари.

На почетокот на овој месец, Безос објави дека ќе се откаже од улогата на извршен директор и дека ќе се пресели на позицијата извршен претседател подоцна оваа година.

Богатството на Безос во моментов се проценува на 191, а на Маск на 190 милијарди долари.

Маск стана најбогатиот човек на светот на почетокот на јануари, кога вредноста на компанијата „Тесла“ нагло порасна.

На третото место на оваа листа на најбогати во светот е Бил Гејтс, чие богатство се проценува на 137 милијарди долари.


Фото: Youtube/screenshoot