Безвременска убавица: Маја Гроздановска Панчева-русокоса дама која не старее

Поубавата половина на легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев плени со убавината.

Многумина велат дека е како виното, како старее сѐ поубава е.

Тоа го докажува и со последната фотографија објавена на социјалните мрежи, каде не е многу активна, а која го привлече вниманието на многумина.

Долга руса коса, покрај витко тело, убав тен, широка насмевка. И сето тоа е природно на неа. 

View this post on Instagram

A post shared by Maja Grozdanovska Pancheva (@grozdanovskapancheva)



„Секоја чест Маја!“, „Безвременска убавица“, „Изгледаш прекрасно“, се само дел од коментарите кои ги собра Маја под фотографијата.

Маја долги години е во брак со Панчев и имаат две ќерки. 

Маја Гроздановска Панчева низ годините создаваше фантастични песни надополнети со исклучително добри видео записи, а нејзината трансформација секогаш значеше нешто ново и светски. Таа беше и предводник на трендови своевремено. 


Фото: Инстаграм