Бјорк: Сите треба да се одјавите од Фејсбук и да одите на шетање

Познатата пејачка ја споредува употребата на популарна социјална мрежа со конзумирање брза храна.

Судејќи според единствениот стил и музичката насока по која е позната оваа исландска пејачка, со право би можеле да кажеме дека Бјерк изгледа како личност која дошла да не посети од друга галаксија.

Пејачката се обидува да го помине слободното време во „реалниот“ свет и е голем поддржувач на здравиот живот во секоја смисла. Поради што и е исклучително жал што во ова време на современи технологии и забрзан живот, не може постојано да живее на Исланд и дека не троши исклучиво природна, обновлива енергија, култивира нејзината сопствена органска.

Која е причината зошто нејзиното набљудување на виртуелната реалност од оваа далечина е можеби пореално и пообјективно од нашето.

„Ве поканувам сите да се одјавите од вашиот Фејсбук профил. Мислам дека големи се шансите таму да има огромен број деца кои не знаат како да одат во шума, да уживаат во природата и да прават едноставни, обични работи. На светот ќе му треба долго време да ја дефинира технологијата и да научи како да се справи со неа. После многу време поминато на Фејсбук, ќе се чувствувате како да сте изеле три хамбургери. Вие само знаете дека внесувате ѓубре. Јас секогаш ги советувам моите пријатели на следново: После долга „потрошувачка“ на социјални мрежи, само излезете надвор и прошетајте еден час, ќе видите како ќе се чувствувате после тоа “.