БЛИЗУ 180.000 ГРАЃАНИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ: Можно е помладите да почекаат подолго за термин за вакцинација, приоритет се повозрасните

Во Македонија се вакцинирани 150.000 граѓани со прва доза од вакцината против корона вирусот и уште 30.000 граѓани кои се ревакцинирани, информираше денеска министерот за Здравство Венко Филипче, кој нагласи дека вакциналниот процес се одвива непречено и на вакциналните пунктови за масовна имунизација, како и во здравствените домови. Истовремено, министерот го најави денешнопто пристигнување на нови 40.000 дози вакцини од АстраЗенека преку Ковакс механизмот, како и утрешната донација од 100.000 вакцини на Синофарм од кинеската армија.

-Продолжуваме да ставаме акцент на вакцинацијата на повозрасните граѓани, кои дополнително се пријавија, односно по 30.април, кога го направивме тој пресек и до кога имаше 140.000 пријавени. Сега се околу 160.000 пријавени на сајтот vakcinacija.mk, истакна Филипче.

Повеќе прочитајте на фактор.мк