Болат солзите на Украинката која не спиела 4 дена: „Го чекам детето, бомба падна врз мојата теретана и продавница“

Оваа жена, која побарала нејзиното име да не се споменува во извештајот, гледала во „ничија земја“ на границата и раскажала за српски Телеграф кои слики од Харков не може да ги извади од нејзината глава...

Погледот, мирен и остар, свртен кон границата, четири непроспиени ноќи, поддршката од саканата личност и исчекувањето... Солзите само за момент и ги заматуваат очите, а косата и го покрива лицето. Така, Украинката која допатувала од Валенсија со својот  партнер Шпанец нетрпеливо ги чекала мајката, сестрата и седумгодишното дете да и паднат во раце на граничниот премин во Захоње.

Нивното патување од Харков траело четири дена. Ова не е лесна задача во воена ситуација, бидејќи е неопходно да се најде сместување, да се избегнат урнати мостови, а понекогаш и да се гледаат ракетите кои паѓаат низ земјата.

Оваа жена, која побарала нејзиното име да не се споменува во статијата за погореспомнатиот медиум, гледала во „ничија земја“ на границата и кажала кои слики од Харков не излегуваат од нејзината глава.

- Бомба падна врз зградата во која се наоѓа мојата теретана. Една жена е убиена. Од мојата куќа е на 700 метри. Моите пријатели ми испраќаат слики од пожарот на сите страни. Вечерва беше фрлена бомба во супермаркетот каде што купував храна, а потоа беше уништена и ветеринарната станица каде што ги однесов милениците... - раскажува таа.

Нејзините најблиски веќе беа безбедни, пред унгарскиот граничен пункт, но процедурата за влез во земјата траела невообичаено долго.

- Само треба да ви кажам дека не спиев четири дена, нивното патување трае четири дена. Но, мило ми е што сите луѓе во Украина си помагаат едни на други. Луѓето во западниот дел на земјата ги отвораат вратите од своите куќи, кујни, обезбедуваат храна. Цела ноќ комуницирав со пријателите кои не можеа да најдат хотел – вели оваа жена.

Таа истакнала дека работи во голема компанија, во која ширум Украина се вработени 1.500 луѓе. Сите тие се вмрежија едни со други, давајќи помош и собирајќи пари.

- Луѓето донираат пари, а мојата компанија ги удвојува. За само два дена собравме 83.000 евра. Тоа е причината зошто верувам во мојата земја. Влијаеме, се држиме, не само војници се вклучени во одбраната на државата - рекла таа.


Извор: Telegraf.rs

Фото: Принтскрин Телеграф.рс