Бразилски чоколаден десерт од четири состојки во кој ќе уживате со пријателите

Добивај вести на Viber

Brigadeiro е традиционален бразилски десерт и прв пат е направен во далечната 1940 година.

Колачот брзо се подготвува, исклучително е кремаст и вкусен. Неговиот состав вклучува кондензирано млеко, чоколада и путер, како и чоко-мрвици.

Овој гигантски Brigadeiro може да заслади дури 15 луѓе. Направете си џиновски Brigadeiro и повикајте ги гостите на чоколадно уживање.


Што ви е потребно:

-3 лименки кондензирано млеко

-3 лажички путер

-255 гр чоколадо за готвење

-115 гр чоколадни мрвици


Начин на подготовка:

1. Ставете го засладеното кондензирано млеко, путер и чоколада во длабок сад.

2. Полека мешајте на ниска температура се додека смесата не стане мазна.

3. Префрлете ја смесата во длабок стаклен сад и оставете во фрижидер околу 4 часа.

4. Користете силиконска лажичка и отстранете ја смесата од работ на садот

5. Со раце формирајте голема топка, која ќе ја валкате во чоколадни мрвици.

6. Сервирајте на плитка чинија и потрудете се да има доволно мали колачиња за сите

*Може да декорирате по желба