Здравје // Рецепти
Брзи домашни лепчиња од рерна со 4 состојки: Меки како душа, рецептот мора да го пробате!
Имаме рецепт кој ќе ве воодушеви и кој ќе посакате да го сочувате меѓу вашите омилени.
Потребно ви е:
- 600 гр брашно
- 4,5 дл топла вода
- лажичка сув квасец
- сол по вкус
Подготовка:
Од наведените состојки замесете меко тесто и оставете го да отстои околу половина час. Премесете го во малку брашно, сечете на еднакви парчиња од кои се формираат големи кугли.
Куглите валкајте ги во помали кругови како за пита. Повторно ставете да отстои околу половина часа и со помош на нож направете мрежичка. Загрејте ја рерната и тепсијата за печење. На неа постепено ставајте ги лепчињата, онолку колку можат да се соберат.
Лепчињата се подготвени за јадење по половина час печење.