Цеца и Карлеуша гласаа: Која од која поубава - двете се појавија во елегантни комбинации (ФОТО)

Цеца пристигнала околу 13 часот во придружба на Вељко, а Јелена околу 14 часот.

Граѓанската должност да гласаат во Србија денеска ја извршија бројни познати личности, меѓу кои и Јелена Кареуша и Цеца Ражнатовиќ, која на гласачкото место дошла со синот Вељко Ражнатовиќ.

Цеца на гласање дошла директно од аеродромот „Никола Тесла“, откако пристигнала од Словенија каде синоќа имала настап.

Таа за оваа пригода избра елегантна варијанта и дојде во сив капут, со собрана коса во опавче и темни очила за сонце.


Вртете на стрелката десно за повеќе фотографии

View this post on Instagram

A post shared by ᵐᵃʳᵏᵒ (@carditrees)



Цеца и Вељко гласаа нешто пред 13 часот во ОУ „Радомир Путник“ на Дедиње.

Треба да се напомене дека денеска во Србија се одржуваат претседателски, предвремени парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини.

Нешто подоцна, околу 14 часот, својата граѓанска должност ја исполни и Јелена Карлеуша, која гласаше на избирачкото место во белградската општина Савски Венац, во Училиштето за дизајн на улицата Крупањска на Дедиње.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)



Пристигна исто така елегантна, целата во бело, придружувана од пи-ар и најдобар пријател Зоран Бирташевиќ, а посебно внимание привлекоа нејзиното деколте, но и сандалите.