Моден фокус // Коса
Цеца ја скратила косата: Еве како изгледа сега (ФОТО)
Една од најголемите балкански ѕвезди Светлана - Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на новата епизода на „Ѕвезда Гранда“ во нежно розова комбинација, но тоа не беше единственото нешто што привлече внимание кај публиката.
Имено, Цеца е некој што ги диктира трендовите и сѐ што ќе облече веднаш станува моден хит.
Исто така, жените ја копираат нејзината шминка и фризури.
Иако до сега носеше долга темно кафеава коса, Ражнатовиќ решила да ја скрати косата и сега покажа како блеска.
Оваа фризура одлично ѝ стои, ја освежи и направи да изгледа уште помлада.
Инаку на фотографијата со Цеца е фризерот, Александар познат како личен стилист на нашата фолк ѕвезда Сузана Гавазова.
Фото: Фејсбук - Александар/ Инстаграм - Цеца/ Youtube - screenshoot