Моден фокус // Коса
Цеца Ражнатовиќ како пред 15 години: Повторно ѝ се враќа на русата коса (ФОТО)
Фолк дивата Цеца повторно ѝ се враќа на русата коса.
Во 2006 година таа за првпат направи голема промена кога е во прашање нејзиниот изглед и ја обои темната коса во платинесто руса.
15 години подоцна, таа повторно стана блондинка.
За утрешното финале на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“, Цеца реши да направи дрстична промена во имиџот, па објави фотки од салонот за убавина каде позира со бланш на косата, додека во позадина оди песната „Дрска жено плава“ од Жељко Јоксимовиќ.
Најверојатно пејачката ќе ја држи публиката во неизвесност до утре, сабота, кога во живо ќе се емитува финалето на „Ѕвездите на гранд“.