Цел живот сме во заблуда: Косата не станува седа поради старост, ова е единствената причина

Добивај вести на Viber

Во само еден случај, ништо не може да се направи

Ако сте почнале да забележувате дека вашата коса станува сива, се што треба да направите е да се опуштите!

Имено, научниците откриле дека не се работи за стареење, туку за преголем стрес.

Истражувачите откриле дека клетките одговорни за производство на пигмент кој и дава боја на нашата коса исчезнуваат кога телото е премногу изложено на дејството на кортизолот, хормонот на стресот.

„Првото нешто што треба да знаете е дека косата страее поради недостаток на меланин, пигмент во фоликулите на косата“, објаснува професорот по дерматологија Гери Голденберг.

Фоликулите сè уште имаат нормален број на меланоцити, клетките кои го сочинуваат пигментот, но овие клетки престануваат да работат со текот на времето, па косата станува сива или бела.

„Генетиката игра значајна улога. Ако вашите родители се „побелеле“ рано, истото ќе го искусите и вие, и ништо не можете да направите за тоа“, вели дерматологот Џошуа Зајхнер.

Но, ако никој во вашето семејство не ја изгубил косата рано, можно е вашата коса да побелува поради следните три причини:

Пушење

„Ова може да биде поврзано со недостатоците на хранливи материи создадени од никотинот, или други лоши навики на животниот стил. Исто така, можно е слободните радикали кои се размножуваат поради пушењето да ги оштетат фоликулите на косата и да предизвикаат предвремено побелување“, рече Голденберг, советувајќи за прекинувањето на пушењето како најдобра терапија.

Недостаток на витамин Б12

„Недостатокот на витамин Б12 е поврзан со раната појава на седа коса“, истакнува Голденберг. Експертите не се сигурни зошто е тоа така, но поврзаноста е веќе докажана. Сепак, пред да брзате со додатоците, проверете го нивото на витамин Б12 преку лабораториска анализа.

Стресот

Веројатно веќе сте слушнале за ова, а научниците докажаа дека честото изложување на стрес прави косата рано да опаѓа.

„Иако нема директна врска, стресот го зголемува нивото на кортизол, што го зголемува бројот на слободните радикали и ги оштетува фоликулите и клетките кои произведуваат пигмент во косата“, вели дерматологот Голденберг.

За жал, Голденберг тврди дека косата што станала седа никогаш не може да ја врати својата природна боја и покрај различните рецепти споделени на Интернет, но ве советува да ги преземете сите чекори за да не ви побелее набрзо целата коса. Секако, ако не се работи за генетика - нема друго решение освен боење.