ЦЕНИТЕ ОДМРЗНАА, ЌЕ НЕМА НИ ЗА ЛЕБ НИ ЗА ЛЕК: Граѓаните ги дочека нов ценовен стрес

Последниве две години добро ќе ги запамтиме, велат граѓаните кои ги анкетираше Фактор, посочувајќи дека секој ден е нов стрес. Откако вчера Владата не ги продолжи антикризните мерки за ублажување на ефектите од економската криза, од утринава граѓаните купуваат по повисоки цени. Се враќа 5 отсто ДДВ на основните производи, а горивата повторно ќе се оданочуваат со 18 отсто. Како понатаму, прашуваат граѓаните, кога цените постојано „скокаат“, а платите се „цврсто закотвени“.

-Порано велев од година за година осиромашуваме, сега тоа е од месец за месец, па дури и од ден за ден. Овие две години навистина добро ќе ги запамтиме. Не утепа стравот од короната. Стрес секој ден, еден куп луѓе изгубија работни места. Малите фирми пропаднаа, а сега уште оваа ситуација ни недостигаше. Војната во Украина сите ќе не дотепа. Не знам цена на ниту еден производ, без разлика што секојдневно пазарам. Дури и продавачките велат, „чекајте да провериме, и ние точно не знаеме дали е цената од вчера“. Вака не се живее, вели Лиле М. Од Скопје.

Детали читајте на Фактор тука.