Четврти ден не си го чувствувам лицето: Најпознатата хрватска инфлуенсерка не може да си го мрда лицето (ВИДЕО)

Најпознатата хрватска инфлуенсерка Ела Дворник објави видео во кое сподели дека четири дена не може да го движи лицето и додаде дека не го чувствува.

„Четврти ден не си го чувствувам лицето. Не знам дали да се смеам или да плачам. Можеби анестетикот ме пукна вака на смеење. Важно е дека инсистирав на сламка од келнерката, а не можам да си ја мрднам устата“, напиша Ела под видеото. 

Ексцентрична модна икона омажена за 13 години повозрасен Британец: Ќерката на Дино Дворник е инспирација за жените

Имено, Ела покажа како се обидувала да се напие сок од сламка во кафуле, но секој нејзин обид бил неуспешен.

View this post on Instagram

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)


Бидејќи не објасни за што се работи, во коментарите набрзо почна дискусија која естетска процедура ја правела. И додека некои тврдеа дека тоа е корекција на усните, други мислат дека е од ботокс.

Ела набрзо сподели фотографија од стоматолошката ординација и објасни дека решила да прави нови заби.

Рече дека сигурно нема да се крие доколку се подложи на естетска процедура, но дека овој пат се работи исклучиво за забите.

извор:zena.blic