Ексцентрична модна икона омажена за 13 години повозрасен Британец: Ќерката на Дино Дворник е инспирација за жените

Од ексцентрична девојка со „откачен“ стил до супер мама и модна икона, Ела Дворник е вистинска инспирација за жените.

Познатата хрватска блогерка и ќерка на легендарниот крал на фанкот Дино Дворник, Ела Дворник e една од најпопуларните и највлијателни блогерки во регионот.

Taa има 29 години, омажена е за 13 години повозрасниот Британец, Џарлс Пирс со кој имаат две ќерки. 

Се запознале кога Ела имала 22 години, во Велика Британија, а после 5 години врска тие се венчаа, ни помалку, ни повеќе во Лас Вегас.

Ела дефинитивно го наследила талентот од својот татко кога станува збор за музика и често споделува видеа на коишто пее, а во раните 20-ти години има издадено и неколку песни, но никогаш посериозно не се занимавала со музика, бидејќи балканската сцена не ја интересирала никогаш, имала амбиции да успее во Јапонија (зборува јапонски јазик), но и тоа не и успеало.

Ела со мајка ѝ Данијела и татко ѝ Дино Дворник

Потоа Ела започнува често да патува и пишува lifestyle блог. Колку е успешен нејзиниот блог за животен стил, покажува и фактот дека во 2016 година, нејзиниот блог Јас сум Ела, избран е од Велика Британија Блог награди, и влезе во првите три најдобри блогови меѓу 3000.

Со 13-години повозрасниот сопруг, британски претприемач Чарлс Пирс,  живее на релација Загреб-Лондон. Во 2017 година, таа ја роди ќерката Бали Ди Дворник-Пирс, а годинава парот доби уште една ќеркичка, Луми Врен.

Пред да стане мајка, имаше тотално различен стил од досегашниот, се облекуваше ексцентрично, емо, дури и скандалозно. Имаше повеќе пиросви на лицето, а има и доста тетоважи на телото.

Во последниве години Ела тотално го промени стилот, особено откако стана мајка, таа е модна инспирација и икона за многу жени, а нејзините модни совети се заповед за многумина.
Покрај тоа таа на својот јутјуб канал и на социјалните мрежи зборува на теми за кои мајките и жените се интересираат, споделува нејзини искуства со мајчинството и општо и важи за доста влијателна како во Хрватска, така и во регионот.

Погледнте како денес изгледа и се облекува Ела Дворник, која патем изгледа одлично после две породувања:

*Р.Ж.М.