„Била невина и не пиела алкохол“: Синот на легендарниот Балашевиќ, се ожени па се покаја за минатото „Правев работи кои не требаше да ги правам“
Алекса Балашевиќ, син на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, се ожени со својата избраничка Николина, со која доби ќерка.
Како што објавија медиумите, синот на Балашевиќ ја запросил Николина во Израел, за што чекал половина година за дозвола, Алекса нагласил колку Николина од корен му го променила животот.
- Сè додека не ја запознав, не бев толку духовно стабилен. Мислев дека е доволно што имам грчко име, и што се молев пред спиење. Направив работи што не требаше да ги направам. Сè се смени кога ја запознав Николина. Била невина, образована, постела, им помагала на постарите и не пиела алкохол. Таа немаше непријатели. Тогаш почнав да се чувствувам уште посилен, бидејќи до мене имам личност која оди со мене на борба, на аџилак но и на Бахамите – објасни во една прилика Балашевиќ.
Инаку, Алекса Балашевиќ и се заколна на вечна љубов на својата свршеница Николина во 2022 година во црквата Свети Сава во Белград. Свадбата се одржа во интимна атмосфера, а бракот на Алекса со Николина го круниса српскиот патријарх Порфирије.
Синот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ на венчавката во храмот Свети Сава носеше хаџ наметка со извезена риба, која го претставува најраниот симбол на христијанството, а неговиот костум беше благословен во Израел во 2021 година.
Од друга страна, Николина носеше долг бел фустан и бел шал над главата.