Црна Месечина во Вага: Време на топли страсти во кревет, фатална љубов, но и афери
Следува
турбулентен период во семејните и брачните односи
Црната месечина или Лилит влезе во Вага и останува таму во следните девет месеци, сосема доволно за да направиме разлика во нашите животи. Бидејќи Вагата е седмата куќа од природниот хороскоп, која е задолжена за љубовните врски до крајот на март 2025 година, ќе биде жешко во кревет, многумина ќе доживеат фатални љубови, но и афери кои брзо ќе се откријат.
Најлошо ќе поминат паровите кои долго време живеат без вистински емоции, а не се подготвени да започнат нова животна фаза. Им се ближи крајот кој одамна е на повидок.
Легендата за Лилит
Во астрологијата Лилит се смета за вториот темен сателит на Земјата, кој се движи во подалечна орбита од Месечината, поради што не може да се види, па затоа е наречена Црна Месечина. Лилит во астрологијата претставува исконска страст, вонбрачни афери, љубовница, одмазда, борба за женските права, деструктивна сила на која мажот не може да ѝ одолее и која уништува се‘ пред себе.
Ова ќе биде период на скандали и вонбрачни афери.
Кога ќе се најде во знакот Вага, кој е 7-то поле од природниот хороскоп, кој ја симболизира љубовта и по својата природа се стреми кон рамнотежа, тоа значи дека следните девет месеци во љубовните врски ќе бидат проследени со турбулентен период помеѓу она што имаме и по што копнееме.
Лилит во Вага ќе ги разбуди страстите, потиснатите соништа кои, кога ќе се појават на површината на нашата свест, добиваат огромна моќ и доминираат со нашите постапки.
Затоа во следните девет месеци ќе бидеме сведоци на бројни скандали со јавни личности, распад на децениски бракови поради прељуба и желба да се задоволи исконското во нас.
Лилит е важна точка во наталниот хороскоп и нејзината позиција зборува за она што е најдлабоко скриено во потсвеста. Ги опишува нашите инстинктивни однесувања, сексуалноста, егоизмот и потребата за уништување.
Посебно критичен период ќе биде околу 4 септември.
Посебно опасен ќе биде периодот околу 4 септември, кога Венера, како владетел на знакот Вага, ќе се спои со Лилит, што ќе и ја удвои енергијата и силата.
Фото: Freepik
Извор: стилкурир