Д-р. Беќаровски: И по прележувањето на ковид можете да бидете трансмитер на заразата

Токсикологот, проф.д-р. Нико Беќаровски во неговиот последен пост на Фејсбук појаснува дека дури и оние кои го прележале вирусот и кои успешно се избориле со болеста, може да бидат и понатаму трансмитери, заради што придржувањето кон актуелните мерки е од исклучителна важност.

Многумина прележани од Covid-19 ми го поставија следново прашање :

"Дали може по контакт со заболен, прележаните од Covid-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот??"

Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос. Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите. Повеќе информации прочитајте на Фактор.мк